„Џихадистот“ од Пловдив правел бомби од „љубопитност“

Адвокатот на 16-годишниот џихадист уапсен во Пловдив немал намера да подметне екплозивна направа или да повреди некого. Малолетникот се интересирал за екплозиви од љубопитност, вели адвокатот на момчето кое пред три дена беше уапсено под сомневање дека подготвувал напад во училиште во Пловдив.

Адвокатот уште твдри дека експлозивините направи што биле пронајдени на таванот во домот на момчето „ биле изготвени до некој првичен степен и сами по себе не можат да предизвикаат експлозија, ако не се опреми со потребните компоненти“, пренесуваат бугарски медиуми.

Велинов, вели дека малолетникот бил заведен, но не бил  обучуван од „Исламска држава“.

Бугарски медиуми претходно соопштија сознанија од истрагата: Дека терористи од ДАЕШ со месеци  го „обработувале“ малолетникот за да изведе напоад во Пловдив.

Тој комуницирал онлајн со маж од „Исламска држава“ на англиски јазик, кој му испраќал слики и видео-клипови.

Заменик главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, соопшти дека при претресот на домот на малолетникот било пронајдено знаме на терористичката група, како и исламистичка литература.

Пронајдени се голем број на готови експлозивни направи и некои во фаза на подготовка, меѓу кои и тип на „бомба во цевка“ какви што се користеле при атентати во САД.

 Откриени се и 14,5 килограми експлозив, каков што бил употребен при напади во Белгија и Франција.

Кривичниот закон за ова дело, за кое веќе е подигнато обвинение, предвидува казна звор од 2 до 8 години затвор.