Џеф Безос за еден ден стана побогат за 13 милијарди долари

Основачот на „Амазон“ и најбогат човек на светот според листата на „Форбс’ во понеделникот го зголеми своето богатство за 13 милијарди долари за еден ден и сега поседува неверојатни 189 милијарди долари.

Безос значително го зголеми своето богатство за време на пандемијата на коронавирусот откако милиони луѓе кои останаа заробени во своите домови поради Ковид-19 ги користеа услугите на „Амазон“ за да нарачаат храна, облека, книги или други предмети за забава, пишува „Гардијан“.