Во Кембриџ е отворена истражувачка лабораторија на мистериозна стартап компанија, која работи на пронаоѓање технологија што може да го продолжи животот на една личност.

Проектот наводно бил поддржан од милијардерот Џеф Безос.


Стартапот Altos Labs се обидува да привлече научници и да им понуди годишна плата од околу 1 милион долари.

Нивната задача ќе биде да создадат технологија која би можела да ги подмлади клетките, што би требало да доведе до подолг животен век.

Се очекува научниците кои се придружуваат на компанијата да истражат како стареат клетките и што може да се стори за да се смени процесот.

Altos Lab, наводно веќе располага со 270 милиони долари кои успеа да ги обезбеди од крајот на минатата гоидина кога е основана, а дел од тие пари се влог на милтимилијардерот Џеф Безос, пишува MIT Technology Review.