Канадскиот премиер Џастин Трудо ја брани слободата на изразување, но вели дека таа „не е без граници“ и дека не треба „произволно и непотребно да повредува“ одредени заедници.

„Ние секогаш ја браниме слободата на изразување“, рече канадскиот премиер на прашањето за правото на карикатура на пророкот Мухамед, како што тоа го направи неделникот Шарли Ебдо.

„Но, слободата на изразување не е без ограничувања“, рече Трудо на прес-конференција. „Ние мора да дејствуваме со почит кон другите и обидувајќи се да не ги повредиме произволно и непотребно оние со кои го делиме истото општество и истата планета.

Оддалечувајќи се од позицијата на француски претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер се залагаше за внимателно користење на слободата на изразување, Франс прес

„Во плуралистичко општество, различно како и нашето, треба да бидеме свесни за влијанието на нашите зборови, на нашите постапки врз другите, особено кога станува збор за заедниците или популациите кои сè уште живеат со огромна дискриминација“, рече Трудо.

Канадскиот премиер инсистираше на осуда на неодамнешните „ужасни и застрашувачки“ терористички напади во Франција.