Шоуменот Игор Џамбазов денеска потсети на две скопски урбани легенди со кои настапуваше во бендот ,,Хавана” на почетокот на деведесеттите години од минатиот век:

Саше Пиже и Газда Зеко


И двајцата заминаа на истиов датум, 17ти мај.

Што друго да правам денес, освен сам да си се смеам на сите глупости што заедно со нив ги правевме, или пак само да замижам за да ми се појават сите убави нешта што тројцата ги сакавме, сите неостварени љубови по кои заеднички тагувавме, сите непроспиени ноќи во кои со голем успех фантазиравме за недофатливото.
Нека им е вечна слава!

П.С. Две третини од легендарните “Хавана бенд” се горе на небото. Третата третина најжилава излезе…, напиша Џамбазов сеќавајќи се на двете скопски легенди.

Горан Атанасов – Зеко и Сашо Пижевски Пиже се познати скопски шоумени, пејачи и угостители, главни создавачи на ноќниот и забавен живот во Скопје од деведесетите години на 20 век.