Џамбаски: За ваква Македонија нема место ни во ЕУ, ни во цивилизираниот свет

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со гневна реакција за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани.

„Грозно, подло, гнасно, брутално и гротескно посегнување против бугарското! Уште еден доказ ‘што боде очи’ за жестоки агресивни антибугарски чувства, намерно негувани. Дефинитивно нема да дозволиме сквернавење на националните симболи, како и на кој било друг вид изразување на омраза, што е поигрување со сеќавањето на нашите предци! Инсистираме на итни реакции од Скопје. За време на целиот карневал имаше антибугарски провокации, организирани од две групи, кои завршија со демонстративно палење на најмалку две бугарски знамиња пред стотици луѓе. Уште колку примери треба да се приложат за да стане јасно дека ваквата Македонија не може да има место ниту во ЕУ ниту во цивилизираниот свет!“, напиша Џамбаски на Фејсбук.