Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски реагира за честитката за Илинден од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.
„Дневен потсетник каде, кога и од кого беше измислена ‘македонската’ нација. И од каде доаѓа антибугарската хистерија во Скопје. А исто така какви бедни национални предавници и странски слуги се ‘копејките’“, коментира на Твитер сопретседателот на бугарската вонпарламентарна партија ВМРО-БНД, мислејќи на проруските кругови во Бугарија.
„Ви го честитаме Илинден – симбол на стремежот на Македонците кон слобода и независност, круна на борбата за националните вредности и карактер, завет за зачувување на домољубивите антифашистички традиции.
Нека е честит и за многу години празникот!“, се вели во празничната честитка од Русија до Македонија што го испровоцира Џамбаски.