Полицијата во Благоевград од безбедносни причини не дозволи делегациите од Македонија што допатуваа на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ да положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.
Приврзаници на ВМРО-БНД на Каракачанов, предводени од Ангел Џамбаски часови пред отворањето на македонскиот клуб, се собраа во близина на споменикот на Гоце Делчев предводени од Ангел Џамбаски, а обидот македонските делегации да положат цвеќе го спречија со погрдни извици.
Европратеникот Ангел Џамбаски ги обвини Македонците од Бугарија дека се сепаратисти.
Тој вели дека Македонија, била, е и ќе биде бугарска.

Џамбаски не дозволи да се положи свежо цвеќе на споменикот и рече дека тоа може да се направи само доколку заедно со цвеќето се постави и бугарско знаме како национален симбол.
Зголемено полициско обезбедување имаше и за време на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцарев“, а вербален инцидент се случи и меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарски граѓанин кој го нарече Мицкоски предавник.
Њуз.бг јавува дека „ жителите на градот пред клубот го пречекаа претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со извици „предавник, ѓубре!“, „Македонија е бугарска!“ и „Србија те плаќа!“.
