Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски му порача на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека и во минатото постоеле обиди на лидери на ВМРО да им се забрани влез во Македонија.
„Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.
Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“,рече Џамбаски синоќа во разговор за бугарската телевизија Нова.
На прашањето дали планирал да дојде во Скопје на 4 февруари заедно со поголема група луѓе да ја одбележат 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, Џамбаски потврди.
Не мислев да одам во Македонија, имав други планови. Но сега, како да одбијам ваква љубезна покана“, велчи Џамбаски.
За изјавата на претседателот Пендаровски дека организаторите на антимакедонски кампањи од Бугарија се поврзани со руската разузнавачка служба, Џамбаски вели:
„Ако некаде се бара српска, руска, коминтернска врска, тоа е во Скопје, не во Бугарија“,
„Македонизмот како политичка доктрина, како оружје против Бугарија, секогаш е испровоциран од Белград и Москва, никогаш од Бугарија“, смета и Џамбазки.
„Во Скопје може да се слушне ехото на задачите што им ги поставуваат Белград и Москва, кои имаат за цел да го поделат бугарското општество, да го постават општеството во Македонија против Бугарија“, вели Џамбаски.
„Во Скопје беснее антибугарска кампања. Бугарите се прогонувани поради нивното самоопределување. Има етничко чистење. Бугарите се напаѓани во РСМ затоа што се Бугари. Ако има европска вредност, тоа е правото на самоопределување, а во моментов се ускратува правото на самоопределување на Бугарите во Македонија. Не може да биде земја членка на ЕУ. Можеби е член на некој друг сојуз, а не на европскиот“, рече Џамбазки.
