Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски не престанува со обвинувањата на сметка на Македонија и во објава на Фејсбук вели дека „пропагандата Скопје-Белград-Кремљ“ била на дело.

Овој пат, цел на нападот на Џамбаски е македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој оцени дека инцидентот во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, е дел од хибридната војна против Македонија.

Спасовски: Тапаниот од Охрид и тепачите се дел од иста групација

Пропагандата Скопје-Белград-Кремљ на дело:

„Инцидент“ е кога ќе изгребете паркиран автомобил. Без да сакате“ вели Џамбаски.

Кога толпа ќе нападне некого, одзади, поради неговото национално самоопределување и етничка припадност, тоа е злосторство од омраза.

Нападот во Охрид не беше случаен.
Нападот во Охрид е обид за убиство, извршен од омраза, поради бугарска националност на нападнатиот.
Ова злосторство од омраза беше испровоцирано од властите во Скопје, кои поттикнуваат антибугарска омраза. И сега бришат и мачкаат“, објави Џамбаски на Фејсбук.