Опседнатоста на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со Македонија и со Македонците дојде до израз и во неговата реакција на објавата на Твитер на Руската амбасада во Скопје за испратените пингвини од московската зоолошка градина за скопската.

Притоа заменик-претседателот на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов ги поврза некогашниот советски лидер Јосиф Сталин и создавањето на македонската нација?!

„Браво, вкрстувањето на пингвините е вистинска геополитичка вест, така ‘се шири влијание на Балканот’. Така со баќушка Сталин ја направивте и македонската нација – преку вкрстување политички амеби, српска шајкача и чизма со петокрака. А да, и со геноцид над Бугарите во Македонија“, напиша Џамбаски под твитот на Амбасадата.