„Теута Арифи ја опфатил страв од загуба на изборите и ги повикува на разговор сите вработени во општина Тетово, за да им врши притисок со цел да гласаат за неа.“ – пишува граѓанскиот активист Аријанит Џафери од Тетово на својот фејсбук – профил“, информираше весникот на албански јазик „Лајм“.
Весникот ја пренесува натаму објавата на Џафери: „Не ми е кажано точно какви лаги им кажува таа, но администрацијата треба да знае дека во планот за владеење на Вулнет Мурсели, кандидатот на албанската опозициска коалиција Алијанса – Алтернатива, е предвидено администрацијата да не се гиба, туку да биде ставена во целосна функција на граѓаните на Тетово. Ќе бидат создадени нови сектори, кои се потребни и корисни за граѓаните, за да се направи најдоброто за градот Тетово. Никој нема да биде гибнат, сите ќе придонесуваат, за да му се вратат на Тетово гордоста и достоинството! Теута ќе остане горчливо минато на Тетово! Иднината започнува наредната недела!“
звор: https://lajmpress.org/teuta-arifin-e-ka-kapluar-frika-e-humbjes/