Собранискиот спикер Талат Џафери ја одбил граѓанската иницијатива за одложување на попизот поради споменувањето на Република Македонија во неа, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот, кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата ‘Собрание на Република Македонија’. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.
На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот
#МакедонскаПролет“, објави Мицкоски на Фејсбук.