Џафери лут: Не може на прес-конференција да се одложи попис

Претседателот на Собранието Талат Џафери е категоричен дека лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски не можат да го редефинираат законот за попис.

„Си има Закон и Устав… Ова е држава која има ред. Има Закон и Устав. Нема да зборувам ништо додека не видам предлог-закон пред мене. До тогаш ќе ги видиме сите процедури, рече претседателот на Собранието во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Според Џафери, за да се промени Законот за попис и тој да се пролонгира за септември како резултат на договорот меѓу Заев и Мицкоски потребно е многу повеќе време од два дена колку и преостануваат до првичнопредвидениот старт на 1 април.

„Дури и ако се донесе по брза постапка и со европско знаменце сепак постојат процедури кои треба да се запазат.“, смета Џафери, кој додаде дека лидерските средби се вонинституционални, а законите се носат и менуваат во институциите, во кои си има посебни закони, процедури и временски рокови кои треба да се запазат.