Џафери го пофали Заев: Добро направи што не се повлече

Собранискиот спикер Талат Џафери го поддржа пишманењето на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во врска со најавените оставки на двете функции по дебаклот на локалните избори.

„Како член на мнозинството, верувам дека добро направи што не се повлече. Во ситуацијата во која се наоѓаме, мислам дека добро направи што ја преиспита подготвеноста што ја искажа на прес-конференцијата. Не треба да се води од моментални емоции. Треба да се координира и да продолжи да ги води институциите. Не треба да носи емотивни одлуки, има одговорност да ја води Владата“, изјави Џафери во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Господинот Заев нема проблем да се врати, поради тоа што официјално не поднел оставка таму каде што налага Уставот. Не можам да постапувам врз основа на она што беше изјава на телевизија“, објасни високиот функционер на ДУИ.