Колкав проблем направиле владата и екс министерот за внатрешни работи со патните и другите лични документи покажува денешниот однос на грчките гранични властинкон македонски државјани.
Патници од Македонија кон Грција денеска се жалат дека биле вратени од гранични премини со јужниот сосед дури и со нови сообраќајни дозволи.
За грчките граничари не е доволно што патниците извадиле нови сообраќајни дозволи со Северна затоа што на нив се уште стоел кодот МК.
Грчките граничари сега бараат наместо МК да стои кодот NMK.
Колкава грешка имаат направено Спасовски и владата се гледа од тоа што МВР воопшто не издава нови документи со НМК затоа што нема такви обрасци.
Најчитани статии
Владата ги бојкотирала најупатените експерти во материјата која сака да ја регулира на сила