Во интервју за грчката агенција АНА-ПМА, портпаролот на грчката влада вели дека извесно е дека ќе се обезбеди апсолутно мнозинство во грчкиот парламент за да се ратификува Договорот од Преспа.



„Владата ги решава проблемите на начин кој е избалансиран, фер и корисен за грчките интереси“, вели Ѕанакопулос.

Тој, исто така, изрази својата увереност дека сите прогресивни политички сили “нема да дозволат оваа историска можност да се потроши“, и дека врз основа на изразените мислења на сите политички играчи може да се постигне апсолутно мнозинство, пренесува агенцијата.

На прашањето дали опозициската Неа Демократија ќе гласа за протоколот за влез на Македонија во НАТО, портпаролот на грчката влада и министер без ресор вели дека „тоа ќе зависи од обемот на хипокризијата на Мицотакис“.