Портпаролот на грчката влада во интервју за „Е Телевизија“ повтори дека „сé додека сè не е договорено, ништо не е договорено“ и повторно истакна дека условите за изнаоѓање на решение се договореното име да се користи „erga omnes“ и северниот сосед да го смени Уставот.
Изјавата на Димитрис Ѕанакопулос доаѓа по вчерашниот јасен став на претседателот Ѓорѓе Иванов дека тој не прифаќа промена на името и за внатрепшна употреба во Rепублика Македонија и промени во уставот.
Ѕанакопулос, како што пренесува АНА-МПА вели дека во грчкиот парламентот има политички сили кои ќе обезбедат мнозинство кога договорот со пјРМ ќе биде ставен на гласање, но дека до овој момент ништо не е договорено.
„Во моментот нема договор, но кога ќе има, ќе ги информираме политичките сили и грчкиот народ“ и тогаш ќе можеме да имаме јасна дискусија за сите аспекти…