Двојно повеќе млади во Србија со негативен став за ЕУ во однос на тие со позитивен

Над една третина од младите во Србија има негативен сентимент кон Европската унија, а помалку од една петтина позитивен, покажува истражувањето на Кровната организација на младите на Србија (КОМС) направено во пресрет на Меѓународниот ден на младите 12 август.

На прашањето „каква ви е првата реакција на поимот Европска унија“, 36 проценти одговориле „негативна“, 18 отсто „позитивна“, а 46 отсто „неутрална“.


„Поддршката не е нешто со кое можеме да се пофалиме. Во моментов младите не ја гледаат ЕУ како гарант за стабилност, безбедност и некаков просперитет. Тоа е некако далеку од нив. Емотивно и понегативно реагираат отколку минатата година“, изјави генералната секретарка на КОМС, Милјана Пеиќ, за Радиотелевизија на Србија (РТС).

„Велат дека на нив најмногу влијае како се водат преговорите, односно колку траат. Мнозинството млади луѓе сметаат дека Србија никогаш нема да биде дел од Унијата“, се вели во прилогот на РТС.

Во однос на изборот меѓу Истокот и Западот, Пеиќ додава дека „ако мораат да избираат, а најчесто не би зошто сакаат Србија да балансира, 55 отсто од младите се определуваат за Истокот“.