Двојните стандарди на министерот Димитров за Грција, Хрватска, Словенија…

Зошто министерот за надворешни работи Никола Димитров се извинуваше на Грција за Мизрахи, а избегнува да им се извини на Хрватска, Словенија и Унгарија за навредите на високиот државен функционер Тозија кој јавно ги навреди државите членки на ЕУ и НАТО.

Прашањето дали Владата се обидува да го забошоти скандалот со директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија го поставува порталот пресингтв.мк откако тој се извини на Хрватска за навредите и кон државата и кон премиерот Пленковиќ, а не се извини и на Словенија и Унгарија, и на првите луѓе Орбан и Јанша.

Во писмото, Тозија ги обвини порталите дека сакале ексклузивност, на сметка на нарушување на добрите односи меѓу Македонија и Хрватска. Навистина смешно, небаре порталите му ги пишуваа неговите зборови дека хратската влада е „куп на криминалци“ и „фашисти“ пишува порталот кој го поставува и прашањето каде е во целата работа министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот однос кон нашите пријатели од Хрватска, Унгарија и Словенија.

Димитров досега јавно не се произнесе за овој случај, ниту пак побара одговорност од Тозија за нарушување на угледот на државата како владин фунцкионер.

Димитров како шеф на дипломатијата е најповикан да се извини на Хрватска ако се знае дека оваа пријателска земја е наш голем подджувач на Македонија а згора на тоа е актуелен претседавач со ЕУ. Истото важи и за Словенија и Унгарија пишува порталот кој потсетува дека неодамна, Димитров побрза да и се извини на Грција затоа што, министерката за труд и социјала Рашела Михрахи стоела пред табла „Република Македонија“.

“Како што се зборуваше во владини кругови, токму Димитров и беше главен заговарач Мизрахи да биде тргната од Владата. Тоа и се случи па само неколку часа пред Собранието да се распушти, министерката беше Разрешена. Се чини дека двојните стандарди на власта станаа секојдневие, без разлика дали се работи за премиер, шеф на дипломатија или пак обичен „филмаџија“, заклучува пресингтв.мк.