Под бугарски притисок Македонија веќе прифатила да го смени учебникот по географија за седмо одделение затоа што според Софија во него имало тероторијални претензии и историски невистини.

Во исто време во Грција во оптек се мапи од истиот период со слична содржина за кои Бугарија не реагира ниту бара нивна промена или повлекување.


Посебен скандал во скандалот е и прашањето кое македонско научно тело процениле дека треба да се повлече материјалот од учебникот по географија за седмо одделение по што владата според протоколот со Софија го спровела барањето од Бугарија.

Комисијата за историја изјави дека таа не е надлежна за географијата.

На оваа тема предупреди и бизнисменот и активист Роберт Милески.

Може ли утре некој преку ноќ да реши дека Македонците се Бугари кои говорат бугарски?

Кој е мистериозниот цензор на географијата за седмо одделение?