Во Албанија вчера беа регистрирани 69 а денеска 82 новозаразени, што е највисока бројка од појавата на пандемијата во оваа земја, поради што премиерот Еди Рама предупреди дека доколку граѓаните не ги почитуваат правилата утврдени од Министерството за здравство, дека ќе мора да се вратат во карантин.
„Кога одлучивме да отвориме се, бевме свесни дека отворањето ќе донесе нешто, дека бројот на новозаразените ќе порасне, но не верувавме дека протоколите и мерките нема да се почитуваат во толкава мера. Доколку продолжи вака, за жал ќе мора повторно да воведеме карантин, иако не сакам да поверувам во тоа“- вели Рама.
.