Двете опции на Мило Ѓукановиќ

По изненадувачкиот за него пораз на неделните избори Мило Ѓукановиќ, порано или подоцна, ќе треба да избере помеѓу егзил во земја што ги сака парите на прогонетите автократи или – понатаму да создава раздор во Црна Гора, анализира „Дојче веле“.

(…)

Без оглед на тоа како ќе ги сврти работите, Мило Ѓукановиќ не може да го скрие фактот дека неговата партија (Демократската партија на сдоцијалистите ) не беше доволно подготвена за конечна стрмоглавана ерозија на авторитетот на „газдата“. Ако претставниците на владата, и покрај монополското поседување на сите државни ресурси, легални и нелегални средства за убедување, не успеаја овојпат да соберат значително повеќе од една третина од гласовите, тогаш е евидентно дека „моделот Мило“ е потрошен, оценува „Дојче веле.“

ДПС ја имаше Српската црква против себе, короната, економската катастрофа, но исто така и не знаејќи – нејзиниот поранешен гарант за успех, Мило Ѓукановиќ, чие име го внесе во името на изборниот список.

Затоа што Мило одамна го изгуби чувството за политичка реалност.

Тој направи грешка во конфронтацијата со Црквата, згреши потценувајќи го растот на граѓанскиот отпор, не можеше да ја скрие се поочигледна корупција, ја политизираше борбата против пандемијата и, конечно, направи грешка што не ги одложи изборите. Одговорот што го верглаше со децении – дека виновниците за сè што недостига во Црна Гора се во империјалниот Белград – веќе не можеше да ги убеди повеќето луѓе.

По повеќе од три децении, Мило Ѓукановиќ ја изгуби контролата над парламентот. Но, оние што мислат дека работата е завршена, не се во право. Наследството што го остави ДПС е мрачно.

А, претседателот на државата сè уште се вика Мило Đукановиќ!

Тој долго време се занимава со политика само за да се заштити себеси, својот клан и огромното богатство, да има имунитет за грешното минато – од неговата воена улога во 90-тите години до неговото име во досиејата на западните обвинители одговорни за шверц во висок стил.

Ѓукановиќ, долго, предолго се претставуваше како решение. Но, тој одамна е главниот проблем на Црна Гора.

Порано или подоцна, тој ќе треба да избере помеѓу егзил во земја што ги сака парите на прогонетите автократи или понатаму да создава раздор во Црна Гора.

Ова второ сценарио може да го доведе до судска разврска, што не би ја сакал. Може да му се случи со задоволство да му судат оние „прелетувачи, кои по негова волја им судеа на други.