Димитар Апасиев, претседател на Левица и професор на државниот универзитет во Штип, ја обвини Владата дека дури 80 од 120 донесени уредби со законска сила немаат „благе везе“ со коронакризата поради која беше прогласена вонредна состојба.

„За време на 30-дневната ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – техничката Влада на РМ донесе вкупно 120 уредби со законска сила!
Од нив, едвај 40 се однесуваат стриктно на борба и справување со последиците од коронавирусот, а другите 80 немаат благе везе со ова шо ни се дешава.

+ Прецедникот, противуставно, им даде гратис од уше 30 дена да штанцаат вакви уредби, преку т.н. „повторно прогласување вонредна состојба“ – нешто што е непознато во уставното право!? Затоа, утре ќе поднесеме иницијатива до Уставниот суд на РМ за поништување на оваа илегална одлука на Пендаровски <3

#RuleOfLaw
#СтопНаСамоволието
#НекаВладеатЗаконитеНеПолитичарите“, објави Апасиев на Фејсбук.