Жена на возраст од 48 години и непознато машко лице, откако биле оперирани во ЈЗУ Опште болница 0 Прилеп, добиле интерхоспитална бактерија од која починале. Според сознанијата, веднаш по овие случаи сите оперативни сали во болницата биле затворени.

Основното јавно обвинителство Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица.

„Основното јавно обвинителство Прилеп постапува и по добиена информација преку допрен глас за несовесно лекување на лице на возраст од 30 години на Одделот за неврологија при ЈЗУ Општа болница Прилеп. Пациентот наводно бил лекуван десетина дена со погрешна дијагноза.

Надлежен јавен обвинител издаде барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат Прилеп и од ЈЗУ Општа болница Прилеп.

Издадена е и наредба до МВР – ОВР Прилеп да изврши информативни разговори со службени лица во болницата, со роднини и блиски лица на пациентите. По извршените проверки ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.