Двата најлоши извештаи од ЕУ Македонија ги примила со СДСМ и ДУИ на власт (ДОКУМЕНТ)

Најлошите оценки од ЕУ од кога станала кандидат за членка на унијата, Македонија ги примила со СДСМ и ДУИ на власт.

Шефот на парламентарната комисија за надворешна политика Антонио Милошоски објавува документ во кој се гледа дека за време на владеење на Заев, Ковачевски, Ахмети и Груби Македонија од ЕУ добива рекордно лоши оценки.

Двата најлоши извештаи од ЕУ Македонија ги примила во 2021 и 2023 кога на власт се СДСМ и ДУИ.

Според извештајот кој го цитира Милошоски средната оценка од Европската Унија за Македонија од 1,52 е добиена само во овие две години.

,,Најслабите оценки (1,52) од ЕУ ги добиваме со СДСМ&ДУИ во 2021 и 202.

Приказ на табела со просечната оценка од 2009 до 2023 година, како збирна оценка по сите поглавја содржани во извештаите на Европската Комисија кои се однесуваат на Македонија”, објави Милошоски.

Сите други оценки од 2009 година кога Македонија стана земја кандидат за член се повисоки.