Најмалку 70 лица, меѓу кои и 12 американски маринци, загинаа, а 210 се повредени, од кои 15 војници на САД, во серијата експлозии што одекнаа кај аеродромот во Кабул.

Прво беше јавено дека се разнел бомбаш-самоубиец, а потоа следуваше и експлозија на автомобил-бомба.

Талибанците, кои ја презедоа власта во Авганистан, веднаш соопштија дека не знаат кој стои зад нападите на влезот во аеродромот во главниот град, додавајќи дека најостро ќе ги казнат сторителите.

Нешто подоцна одговорноста ја презеде терористичката организација ДАЕШ.

Си-Ен-Ен јави дека американскиот претседател Џо Бајден вечерва ќе има обраќање во врска со ситуацијата во Кабул.