Двајца убиени во ноќен клуб во Осло – 19 повредени

Две лица се застрелани, а 19 се повредени, од кои некои потешко, во пукање во ноќен клуб и околните улици во центарот на норвешката престолнина Осло, соопшти полицијата.

Настанот се случил околу 01:00 часот по локално време на три локации, вклучително и геј бар, јави Би-Би-Си.


Еден осомничен е уапсен и запленети две парчиња оружје.

Пукањето почнало во „Лондон паб“, популарен геј бар, како и во близина на џез-клубот „Хер Нилсен“ .

„Видов човек како пристигнува со торба, извади пиштол и почна да пука“, рече новинарот Олав Ронеберг од јавниот радиодифузен сервис NRK.

Сите индиции укажуваат на осамен сторител, изјави полицискиот портпарол Торе Барстад. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош.