Иако и стариот и новиот директор на АНБ Виктор Димовски и Зарко Милошевски се потпишани на безбедносната проверка за рускиот шпион Онишченко тие двајца нема да одговараат за скандалот.

Двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко, кој добил македонско државјанство иако бил на црна листа на САД поради мешање во изборниот процес, неофицијално дознава „Фокус“.


Откако директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше на седница на матичната собраниска комисија, истакна дека службеник не ја извршил потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да даде согласност дека нема безбедносен ризик.

Практично за скандалот во АНБ кој го расчистуваа тие што беа главни осомничени, сега ќе одговараат луѓе кои не можеле битно да влијаат на безбедносната проверка за Онишченко без за тоа да имаат согласност од своите шефови.

А шефовите кои се главно осомничени во меѓувреме станаа директор на АНБ и најверојатно иден амбасадор во Париз.

По истиот урнек во аферата Двојник со 215 пасоши одговараа шалтерски службеници а се спасија привремено организаторите во врвот на МВР.

Повеќе на темата во Фокус