Двајца од тројца граѓани не скенираат фискални за МојДДВ


Според анкетата која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, 64,1% од граѓаните не ги скенираат фискалните сметки, додека апликацијата за поврат на ДДВ ја користат само 35,2% од анкетираните граѓани.

Причина за тоа е веројатно малата сума која граѓаните ја очекуваат како поврат.

Причина за тоа е веројатно малата сума која граѓаните ја очекуваат како поврат.

Најголемиот дел од анкетираните граѓани очекуваат прилив од околу 500 денари месечно. Вкупно некаде околу 14% од анкетираните очекуваат прилив меѓу 300 и 600 денари месечно. 1% очекуваат околу 1000 денари секој месец, додека 0.2% очекуваат дури 3.000 денари месечно, пренесува Прес24