Двајца вработени во Општинското претпријатие „Озеленување“ на општина Благоевград и нивните сопруги се приведени вчера поради кршење на стаклото од просториите на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
Градоначалникот Илко Стојанов вели дека судот е надлежен орган кој може да се произнесе за кривичното дело, пренесува 360 степени.
„Доколку се докаже вината на општинските службеници, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните, тоа значи дека ќе ги казнам оние што работат во општина Благоевград со точно иста казна како што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и други функционери во Република с. Македонија кои предизвикаа ментално и физичко насилство врз многу Бугари.
Во моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Северна Македонија кои ги малтретираа бугарските граѓани, веднаш ќе ги отпуштам вработените во ОП ‘Озеленување’ на Општина Благоевград“, рече градоначалникот Стојанов, пренесува 24часа.бг.
Вандализирањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград, кое се случи на 4 февруари.
