Најмалку 20 индиски војници загинаа по судирот со кинески трупи по должината на спорниот дел од меѓусебната граница на Хималаите, соопшти индиската армија.
Инцидентот изби среде тековниот „процес на деескалација“ во долината Галван во спорната област Аксаи Чин-Ладах, во која со недели се трупаат воени сили од двете страни на границата, пред високи воени команданти да почнат преговори во почетокот од месецот.
Индиската армија претходно во текот на денот соопшти дека починале тројца војници, но потоа додаде дека уште 17 „критично повредени и изложени на температури под нулата на терен на голема височина подлегнаа на повредите“.
Жртвите се првите регистрирани на спорниот дел од границата меѓу двете земји впо последните 40 години.