Денеска се одбележуваат 20 години од нападот кај тетовското село Вејце во кој осум припадници на специјалните единици на МВР ги положија своите животи во одбрана на татковината.

Осумтемина припадници на специјалните единици на МВР и АРМ на 28 април 2001 година, од заседа, беа масакрирани кај тетовско село Вејце.

Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

Осумтемина загинати барнители, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.