Дваесет дена откако стана директор на царина без никакво искуство Богоев отиде на партиски камп да кажува како се станува лојален

Дваесетина дена откако стана директор на една од најважните дежавни институции ,,Македонската царина” без никакво искуство, екс градоначалникот на Карпош Стефан Богоев отиде на партиски камп и на младите социјалдемократи им открил кој е најдобар начин да се стане локален што за него очигледно е важна карактеристика на младите луѓе.

Иако логично би било Богоев да работи 24 часа на надминување на предизвиците во царината Богоев заминал во Охрид на Летниот камп на Социјалдемократската младина.

Таму на младите социјалдемократи меѓу другото им рекол дека во Македонија се вратила демократијата благодарение на социјалдемократската идеологија.

Богоев на присутните им открил како се градат лојални соработници што за него очигледно е многу важна карактеристика за еден член на СДСМ односно партиската младина

,СДММ е вистинското место за изградба на квалитетни кадри, таму е вистинската дружба и вистинските пријателства, а така се градат лојални соработници. Затоа што подмладоци има многу, но само една е младина”, изјавил потпретседателот Стефан Богоев на партискиот камп на СДММ во Охрид.

Во своето соопштение партијата не пишува кој го финансира овој скап партиски камп кој се одржува во елитен објект покрај Охридското езеро а за чии потреби СДСМ печател и специјални маици.