Два гола во пет минути на Миовски против Мадервел (ВИДЕО)

Бојан Миовски продолжува да ги тресе мрежите во Шкотска, постигнувајќи два гола за Абердин во период од пет минути во победата од 3:1 против Мадервел во 25. коло од Премиер лигата.

Напаѓачот на домашниот тим и на фудбалската репрезентација на Македонија прво во 64. минута погоди за 2:0, а пет минути подоцна со филигрански потег и за 3:0, придонесувајќи за прекин на серијата од три загубени првенствени натпревари на Абердин.

Со вкупно 14 гола, Миовски се зацврсти на третото место на листата на стрелците во Шкотска, приближувајќи им се на Јапонецот Кјого Фурухаши од Селтик со 18 и на Шкотланѓанецот Лоренс Шенкланд со 17.