Два гола на Барди во дебито за Трабзон во турското првенство (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди имаше деби од соништата во турската Супер лига, постигнувајќи два гола за 48 минути на теренот во Анталија, на кој Трабзон загуби со 5:2 во третото коло.

Играчот за врска влезе во игра во 43. минута и во петтата минута од судиското продолжение намали на 2:1, а со својот втор погодок на мечот во 73. минута израмни на 2:2.

Барди, кој има 44 настапи и 9 гола за Македонија, до 11 август беше член на шпански Леванте, а тогаш потпиша за Трабзон до 30 јуни 2025 година.