Два дена, Превозникот „Дурмо турс“ добил тендер за превоз на ученици, само два дена по по автобуската несреќа кај селото Ласкарци на 13 февруари во која загинаа 16 луѓе објави Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).
Договорот бил склучен на 15 февруари, а вчера е објавен на интернет страната на Јавни набавки. Вкупната сума на тендерот со ДДВ е 27.600 евра.
Според договорот, „Дурмо турс“ почнувајќи од 15 февруари до 31 декември годинава ќе ги превезува средношколците од шест села од дома до училиштето и обратно согласно тендерот објавен од средното училиште од селото Неготино во Општина Врапчиште.
По истрагата за несреќата беа приведени сопственикот на компанијата, возачот на автобусот и уште пет други лица меѓу кои, раководителот на компанијата, три лица кои се грижеле за технички преглед и едно правно лице кое издало документ дека автобусот е исправен.