Два дена по најавата за отстрел, институт близок на Заев ја таргетира Русковска

Пред два дена напишав дека следна за отстрел е обвинителката Вилма Русковска. Еве потврда за тоа во најновата “анализа” на институтот ИФИМЕС, пишува новинарот Бранко Героски кој смета дека Владата на Заев преку таканаречениот институт во Љубљана испраќа пораки до македонското правосудство.

“Меѓународниот институт ИФИМЕС воведе мониторинг на случаите на Сашо Мијалков и Орце Камчев и веќе утврди дека јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска имал неовластени контакти со Мијалков и Камчев, но тие контакти станале познати и Русковска имала да побара притвор за Мијалкова и Камчева…”, се вели во текстот на ИФИМЕС.


Се надевам дека ги знаете бекграундот на овој институт и врските со Македонија, пишува Героски.

Двајцата лидери на овој контроверзен институт од Љубљана се советници на премиерот Заев и кај дел од јавноста се сметаат за преносители на пораките и желбите на македонските власти.

Предходно ИФИМЕС беше познат по повеќе афери во регионот.

Во јавноста подолго време се зборува за нетрпеливост меѓу министерот за внатрешни работи и јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска која не го информира Спасовски за детали за повеќе акции меѓу кои Рашковски и Планина.