ДВ: Пендаровски вели дека никогаш не добил забелешка од Владата

„Во изминативе 28 месеци со Владата не сме имале ниту едно разидување околу стратешките прашања – евроинтеграциите, надворешната политика, безбедноста или меѓуетничките односи“, вели претседателот Стево Пендаровски запрашан а шпекулациите дека се нарушени односите на Шефот на државата со Илинденска.

Повод за таквите шпекулации беше интервјуто на Пендаровски за „360 степени“ на Алсат.

„Иако во неколку наврати сме имале различни мислења за одредени законски проекти или за случаи на прекршување на правото од носители на високи функции, тоа се нормални работи кога имате кохабитација меѓу демократи“, вели Пендаровски за Дојче веле.

Да бидам уште попрецизен – за овие, скоро две и пол години, никогаш не сум добил ни јавна ни приватна забелешка од Владата за одредени мои изјави и постапки.

Поинаку и не може да биде, затоа што со клучните луѓе во Владата, на чело со премиерот Заев се познаваме долги години, и имаме поминато ‘сито и решето’ и на улиците, и во институциите, во борбата за подобар живот“, вели за ДВ претседателот на државата.