ДВ: Германија фрла вакцини

Се повеќе германски провинции фрлаат вакцини во отпад, а сега планот е вишокот да се донира на посиромашните земји.

Од почетокот на пандемијата, само Баварија фрли 53.000 дози, од кои повеќе од половина само во јули.

„Зголемувањето на количината на фрлени вакцини во текот на летото е директна последица на намалувањето на подготвеноста на населението за имунизација“, објави баварското Министерство за здравство, пишува Дојче веле, пренесува Ал Џезира.

Дозите што не им се потребни, а се уште ненаат истечен рок, провинциите ги враќаат на федералната влада. Хамбург сака да врати 6.000 дози АстраЗенека во наредните денови, Саксонија-Анхалт планира да врати 22.000 дози, а Долна Саксонија 120.400 дози.