Дурловски: Денес „над Македонија“ зајде „новото сонце на слободата“

Оперскиот пејач Игор Дурловски по ратификацијата на Преспански договор и во грчкиот парламент резигнирано констатира дека „за своите правдини“ ќе се борат некои други генерации Македонци.

#Сега #Сите
#Ние

Денес ,,над Македонија” зајде ,,новото сонце на слободата”. Македонците веќе не ,,се борат”. Поделени, соочени со фактот дека за ,,своите правдини” ќе се борат нашите деца или внуци. 
Контрадикторни во нашата бесконечна борба, јас многу од вас ве презирав, оние со насловна ,,ЗА”, ги нарекував “северџани”, се обидував да ги убедам во убавината на нашата идеја, наместо да им го отворам срцето, бидејќи вистинската љубов не се учи, само може да се почувствува.
Утре е нов ден. Македонија која досега се раѓаше, ќе биде минато. На идните генерации ќе остане дали ќе не помнат по арно, или по лошо. Не знам дали ќе бидеме големи или мали во нивните очи, само знам дека #СЕГА е моментот да се држиме заедно, #СИТЕ, колку и да изгледа невозможно и тешко, и кога е најтешко, да го направиме најголемиот чекор, за да не се изгубиме конечно и #НИЕ…“, порача на Фејсбук еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кој одби да биде амнестиран за настаните од 27 април.