Дигиталниот креатор Марјан Лазаревски објавува анализа според кое градоначалничката на Скопје Данела Арсовска има речиси 50 проценти лажни следбеници на Фејсбук.

За разлика од неа, покажува анализата, градоначалниците на Тимчо Муцунски од Аеродром или Орце Ѓорѓиевски од Кисела вода имаат по околу 10 проценти лажни следбеници со тоа што до 20 проценти се смета дека е нормално ниво.


Кога на социјални мрежи се блокираат граѓани кои им даваат фидбек на оние кои го водат градот, градоначалниците може да останат во сопствениот балон, заглавени со еден куп FAKE followers (лажни следбеници), анализира Лазаревски.

Што вели неговата кратка анализа и статистичка споредба која дава слика за тоа како се одвива комуникацијата помеѓу трите најпопуларни градоначалници во Скопје и граѓаните:

📌 Данела Арсовска (@danela.arsovska) – Градоначалничка на Скопје

Следбеници: 8.7k 🟩
Engagement rate: 1.4% 🔻
Fake Followers: 49.74% 🔻
Појаснување: Fake Followers до 20% се смета за нормален профил.

Локација на следбеници (свет): Македонија 54% 🇲🇰, Русија 8.32% 🇷🇺, Германија 4.9% 🇩🇪, Америка 3.95% 🇺🇸, Грција 2.21% 🇬🇷 и други…

Локација на следбеници (градови): Скопје 23.29%, Охрид 2.79%, Москва 1.58%, Струмица 0.84%, Халкидики 0.74% и тн…

– Профилот има голема дистрибуција на лажни следбеници (дури 49.74%), со мал процент на следбеници од Македонија (54%) и Скопје (само 23.29%). Стапката на ангажираност (ER) е само 1.4%, што значи дека ниту профилот добива некаков фидбек од фановите, ниту пак профилот води двонасочна комуникација со своите следачи.

📌 Орце Ѓорѓиевски (@orcegjorgjievski) – Градоначалник на Кисела Вода

Следбеници: 3.1k 🟧
Engagement rate: 6.24% 🟩
Fake Followers: 10.97% 🟩
Појаснување: Fake Followers до 20% се смета за нормален профил.

Локација на следбеници (свет): Македонија 83.16% 🇲🇰, Грција 3.64% 🇬🇷 , Германија 2.28% 🇩🇪, Србија 1.52% 🇷🇸, Бугарија 1.37% 🇧🇬, и други…

Локација на следбеници (градови): Скопје 31.11%, Охрид 3.49%, Кичево 1.06%, Струмица 1.37%, Халкидики 1.52% и тн…

– Профилот има ниска (потпросечна) дистрибуција на лажни следбеници (само 10.97% – што е позитивно), со голем процент на следбеници од Македонија (83.16%) и Скопје (31.11%). Стапката на ангажираност (ER) е 6.24%, што значи дека профилот често добива фидбек од фановите и води двонасочна комуникација со нив.

📌 Тимчо Муцунски (@mucunski) – Градоначалник на Аеродром

Следбеници: 7.3k 🟩
Engagement rate: 4.88% 🟩
Fake Followers: 9.53% 🟩
Појаснување: Fake Followers до 20% се смета за нормален профил.

Локација на следбеници (свет): Македонија 77.44% 🇲🇰, Грција 2.94% 🇬🇷 , Америка 2.09% 🇺🇸, Србија 1.68% 🇷🇸

Локација на следбеници (градови): Скопје 39.76%, Охрид 3.93%, Струмица 0.92%, Халкидики 1.13%, Белград 0.85%, и тн…

– Профилот има ниска (потпросечна) дистрибуција на лажни следбеници (само 9.53%% – што е позитивно), со голем процент на следбеници од Македонија (77.44%) и Скопје (39.76%). Стапката на ангажираност (ER) е 4.88%, што значи дека профилот добива фидбек од фановите и води двонасочна комуникација со нив.

Лазаревски анализата ја прави врз основа на
податоци од дигиталнага алатка Modash за Instagram профили.