Програмерка од Македонија алармира дека системот за попишување има големи слабости и дека секој кој ќе инсталира VPN, секој граѓанин да се попише како да е во друга држава, односно во странство, пишува Фактор.

„Јас која живеам во Македонија успеав да се само-попишам користејќи VPN. Интернет страницата не дозволува да се регистрирате доколку имате македонска IP адреса, но штом инсталирав VPN (бесплатен) веќе немаше ограничувања. Самопопишувањето не е само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во периодот нема да биде во Македонија, итака јас одбрав да сум кај нашиот северен сосед. Го оставив мојот македонски број и без никаков проблем бев регистрирана и го пополнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а причина за престој имаше повеќе опции, од кои последната беше „друго“. Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнував адресата во Македонија, задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан“, наведува во постот програмерката во Фејсбук групата Сојузен комитет на програмери на Македонија.

Дали сега кога го имаат мојот матичен број, но не и комплетната адреса ќе бидам исклучена од физичкиот попис, да ме прескокнат, т.е. да не се бројам двапати, еднаш дигитално и еднаш на прашалниците кои претпоставувам испечатени на хартија ќе ги носат луѓето што ќе не попишуваат, прашува програмерката.