Дукоска со дилема дали Бесмира ќе влезе меѓу ,,тешкашите” на Пендаровски

Скандалозниот владин предлог за генерален конзул во Њујорк Бесмира Ејупи за кој финална одлука треба да донесе претседателот Пендаровски предизвика многу негативни реакции.

Во една од нив македонската активистка од САД Ана Дукоска индиректно прашува дали Пендаровски ќе остане на ветувањето дека на важни диоломатски дестинации ќе испраќа таканаречени ,,тешкаши” односно искусни дипломати.

Презентерката и новинарка Ејупи е далеку од оваа дефиниција.

,,Бесмира Ејупи – од инфлуенСерка до КонзулКа во Њу Јорк 🥳

(конзулатот се наоѓа во Њу Џерзи иначе)

Ајде еден аплауз за “Тешкашите” на Stevo Pendarovski 👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼”, пишува Дукоска за предлогот Ејупи да замине на важната локација без никакво диоломатско искуство.

Повеќе за владиниот предлог за конзули

И син на аналитичар и шура на пратеник на СДСМ добил конзулска функција од владата