Ана Дукоска, глобална координаторка од Вашингтон на семакедонското непартиско движење „Ние сме Македонија“, кое пред пет години организираше четириесетина протести низ светот против промената на државното име, му реплицира на американскиот сенатор Крис Марфи од Демократската партија, кој на Македонија ѝ порача дека „од исходот на процесот на уставни измени ќе зависат и идните односи со САД“.
„’Стратешки’ партнер дава поддршка и ги помага процесите, не се заканува! Џст сејинг мистер Марфи“, реагира Дукоска на Фејсбук.