Шефот на парламентарната комисија за надворешна политика Антонио Милошоски објави писмо , барање од дуќанџиите во скопскиот Градски трговски центар кои инсистираат на истрага за кражба на струја.

“📌Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ, после скандалот со копањето на милионски суми на биткоини на државен трошок и богатење преку трошење државна струја, писмено бара од директорот Ѓоко Таневски да пријави кражба на електрична енергија❗

🚩Иницијативата е за поздравување, но веројатно ќе биде осудена на неуспех, затоа што:
– Елвис Бајрам е советник од листата на СДСМ во општина Шуто Оризари
– Габриел Бајрам е советник од листата на СДСМ во Град Скопје
– Елвис и Габриел не создале сами крими магацин за крипто-валути во ГТЦ, и струјата на сметка на државата не можеле да ја обезбедат без знаење на директорот Ѓоко Таневски и
– Обвинителството и МВР нема да се осмелат да поведат истрага за злоупотреба на функциите во ГТЦ бидејќи во овој скандал може да настрада и претседателката на бордот на директори Трајанка Тасевска, сопруга на директорот на БЈБ во МВР, која на оваа функција е предложена од владата.
🚩 Накратко, лесната заработка на големи пари преку биткоини на државна струја се делела на најмалку 4 дела, меѓу гореспоменатите актери❗”, пишува Милошоски во информацијата.

Откако екипи на ТВ Клан и Инфомакс минатата недела открија дека во подрумите на ГТЦ има компјутери со кои се копаат Биткоини и се прават огромни пари а за струјата плаќаат сите дуќанџии МВР и Обвинителството молчат и не преземаат ништо.

За скандалот молчи и ЕВН од каде не пријавиле дека ГТЦ работи спроти законот.

Зошто ЕВН не пријавува дека ГТЦ илегално заработува од продажба на струја?