По инцидентот во црквата Свети Наум на Попова Шапка по кој е приведено едно лице член на навивачката група,,Балисти”, членови на ДУИ вршат силен притисок да се ослободи лице кое го симнало знамето на МПЦ-Охридска архиепископија, поставувајки албанско знаме на негово место.
Притисокот врз полицијата го вршат локални членови на ДУИ од Тетово откако врз основа на сознанија доставени од Министерството за внатрешни работи лицето вечерва е приведено во Полициската станица Тетово.
Според МВР постои основа за сомнеж дека ова лице направило инцидент во црквата – Свети Наум Охридски -Чудотворец, која се наоѓа на Попова Шапка.
Симнувањето на знамето на МПЦ – Охридска архиепископија и поставувањето на знамето на Албанија на негово место е причината за лишување од слобода на ова лице кое на Фејсбук ја објавила целата операција на замена на знамињата.
Овој настан во СВР Тетово, бил пријавил денеска, околу шест часот од страна на свештеник од црквата Св. Наум Охридски Чудотворец.