Министерството за образование и наука (МОН) уверува дека ќе биде коригирана содржината од новиот учебник по албански јазик за петто одделение во кој, во лекцијата како правилно се пишуваат кратенки, меѓу другите, како пример се најде и скратеницата ДУИ – Демократска унија за интеграција.
Министерството за образование и наука во комуникација со економскиот оператор кој е избран да ги испечати учебниците за учениците од основното образование, во најкус временски рок и без дополнителни трошоци по буџетот, ќе изврши корекција на увидените пропусти и грешки, наведено е во соопштението на Министерството за образование и наука (МОН).