ДУИ стана следбеник на Грета Тунберг

Ништо од шпекулациите дека „убавата работа“ како што кажа премиерот Заев, ќе се однесува на заеднички кандидат на ДУИ и на СДСМ за градоначалник на Скопје, шпекулација пуштена од медиоми на албански, а потоа споделувана од македонски портали.

На „Денот на изненедување“, Али Ахмети им се обрати на младите зборувајќи и за активизмот на шведската тинејџерка активистка за животна средина за климатски промени Грета Тунберг.

„Една млада девојка, Грета Тунберг, го обиколи светот со аларм за климатските промени и еколошката политика и сите и ја отворија вратата. Дојде време да ја отвориме вратата и да ги прифатиме овие политики за зелена, безбедна, развиена и здрава иднина. Ова е она што вие, младите, го барате. Младите бараат услови за живот како нивните врсници на запад, работни места како и модерна животна средина“, рече Ахмети.

Во почетокот од говорот тој накратко се обрати и на македонски јазик исто како и на крајот од своето обраќање. Во пресрет на есенските локални избори, Ахмети рече дека започнуваат нова политика за еколошка правда и квалитетен живот и дека „зелената агенда станува дел од ДУИ“.

„Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ, заедно со многу други предности на нашите граѓани“, рече тој.