За неколку месеци ќе го добиеме првиот албански премиер, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, на настан на кој зборуваше како координатор на огранокот на ДУИ во Чаир.

Тој вечерва најави дека Македонија за неколку месеци ќе го добие првиот премиер Албанец, што е прва изјава на владин претставник која навестува дека оваа година може да има избори.


,,Бевме народ без јазик, народ без знаме, народ бес достоинство, но работите сега се променети. Да почнеме со претседателот на државата кој е консензуален и кој ја води војската со печат на албански јазик. Да продолжиме со претседателот на Собранието и со употребата на албанскиот јазик. Во регионот имаме три парламенти во кои се водат седници на албански јазик. Ја имаме и Владата во која за неколку месеци ќе го добиеме првиот албански премиер”, рече Османи.

Османи најверојатно мисли на промена на премиерката позиција согласно пржинскиот договорот меѓу СДСМ и ДУИ за техничката влада што ќе ја води Албанец.